Заврши петдневниот семинар „Практикувај мир“, што го организираа партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и берлинската НВО „Kreisau-Initiative“, чии тренери за мир ја водеа обуката на учесниците. Тренингот претставуваше продолжение, втор модул на обуката, чиј прв дел траеше десет дена и се одржа во полскиот град Кшижова во септември минатата година.
Како единствените претставници од Македонија, на тренингот учествуваа тројца претставници на ЦИВИЛ, Катерина Петановска, Ермин Климента и Емрах Реџепи, а останатите учесници на обуката беа од Србија, Косово, Грција, Германија и Полска.
Учесниците на семинарот беа подложени на сцени кои претставуваат опресивно однесување во најразлични ситуации од секојдневниот живот, од кој и самите учесници пишуваа сценарија кои потоа беа анализирани и практикувани.
Главната цел на семинарот беше успешно остварена со интеграцијата на учесниците во процесот за создавање на мир во конфликтни ситуации. Тие ситуации се секојдневие и позната појава за голем број луѓе во земјите од кои имаше учесници на семинарот, а кои и беа избрани, токму поради односите со соседите.
На крајот на семинарот учесниците добија дипломи YouthPass од програмата Erasmus +.
Проектот „Практикувај мир“ е соработка на седум невладини организации – од Германија (CRISP), Грција (VOOLOS), Косово (SHL KOSOVA), Македонија (Цивил), Полска (KREISAU-INITIATIVE) и Србија (ЦК13 Омладински центар), кои се залагаат за конструктивно, критичко и демократско, граѓанско општество.