Уставниот суд со надгласување - даде „амин“: Претседателот ќе може да помилува осудени за изборни нерегуларности!?

Уставниот суд на Република Македонија денеска ја прифати иницијативата, со која претседателот на државата ќе може да помилува лица кои се осудени за изборни нерегуларности. Предлогот беше изгласан со 5 гласа „за“ и 4„против“!?

Предлогот, којшто беше ставен на дневен ред на денешната седница, следуваше по отворањето на случајот „Титаник“ од Специјалното Јавно обвинителство, во кој се осомничени поранешни високи државни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, секретарот на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.

Иако Специјалното обвинителство побара притвор за нив, Основниот суд го одби предлогот на СЈО, а подоцна судскиот совет и ги отфрли жалбите на Обвинителството на одлуката на Судот.

Досега, по измените од 2009-та, кога се намалија претседателските надлежности за помилување, законот предвидуваше претседателот надржавата да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.

Одлуката на Уставниот судпредизвика бурни реакции на граѓанките и граѓаните на социјалните мрежи.