Питер Ванхаоуте, доскорешниот меѓународен посредник во политичката криза во земјава, се појави со уште еден отрезнувачки пост на социјалните мрежи. Еве го преводот:
Една нова етапа на дисфункционалната демократија.
Замислете, една Влада, каде што еден од коалициските партнери си поднесе оставка. Премиерот молчи. Претседателот на најголемата партија тврди дека: "Тие можат да ги пополнат отворените места кога сакаат."
Според Договорот за Пржино, СДСМ ќе добие некои министри и заменици министри во Владата, а не целосно да учествува како коалициска партија, туку за контрола на клучните области на Владата во врска со изборите.
Заклучок: влада без ДУИ е Влада без мнозинство.
Што ќе се случи во нормален демократски систем?
- Премиерот дава изјава за јавноста, признавајќи дека постои политичка криза.
- Премиерот веднаш се упатува кон Парламентот и нуди Оставката на Владата или
- Премиерот бара гласање на доверба за да се види дали има мнозинство во парламентот кое сѐ уште ја поддржува владата.
Фактот дека премиерот не реагира воопшто, не е нешто нормално за една демократска држава, бидејќи кризата е негова основна одговорност. Дека претседателот на партијата ја презема де-факто неговата улога, е многу загрижувачки и докажува дека земјата ја води партијата, а не Владата. Принципот на одвојување на партијата од државата не се почитува.
Во еден неодамнешен говор, претседателот на Република Македонија застана во одбрана на поимот „државен интерес“. Да, тоа е во интерес на државата - да се врати демократијата. Да, тоа е во интерес на сите граѓани да ја бранат демократијата и да се очекува дека основните демократски принципи се почитуваат од страна на политичките партии на власт.
Со ваквото непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобри демократијата, туку тоа ќе биде погребот на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава.
Е.К.