Ванхауте прашува: Преговори без граѓаните?

Популарниот дипломат од Белгија Питер Ванхауте на својот твитер профил вечерва прашува: „Преговори во Виена? Само четири лидери на партии? Без граѓани? Без граѓански организации?“. Во твитот, тој исто така, додаде едно меме од своите популарни мачки, во кое вели: „Би рекол дека изборите беа сосема успешни. Времето за спиење поместено за 10 минути.“

vanhoutte

Твитер - Питер Ванхауте

Разочараноста и осудата на работата на Владата, Ванхауте и порано денеска, ја искажа со твитот: „Протестите продолжуваат: Уште колку треба, за Владата да ја сфати пораката?“, а под тоа, ставил слика од маченце со очила на која пишува „Ќе се видиме наскоро“.

meow

Питер Ванхауте - меме

Затвореноста и игнорантноста на Владата по прашањето на граѓанските протести и барања, беше осудена и во твитот од пред некој ден, кога Ванхауте напиша: „Без слободата да се протестира, нема демократија! Влада на која можеш да се потпреш, би требала да слуша и да ги поправа грешките“