Ванхауте: Се надевам дека Иванов ќе донесе мудра одлука!

Белгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте изрази надеж дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов, мандатот за формирање нова влада, денеска ќе го предаде на најсооветниот кандидат. Тој на својот Фејсбук профил ја објави „третата лекција“ за Македонија, „Демократијата на дело“.

vanhaute-civil

„Оваа е голема одговорност и тој треба да има предвид дека кој кандидат и да го предложи, нема дополнително да го уништи она што остана од демократијата во Македонија, туку, треба да се вклучи активно во формирањето на нова влада, којашто треба да е на висина на задачата, да ја врати вистинската демократија, со одговорни политичари, парламент којшто е повеќе од марионета на тие што се на власт, со независно судство, вклучувајќи ги судовите, Обвинителството и Уставниот суд, независно од тие на власт“, смета Ванхауте.

Според белгискиот дипломат, македонскиот парламент треба што поскоро да започне со работа, зашто тоа пред себе има бројни задачи кои чекаат итни решенија. Откако мандатите на новите пратеници се одобрени од Државната изборната комисија, треба да се избере нов спикер и парламентот како независна институција над сите други, треба да почне со работа, а не изборот на спикерот да биде условен со формирањето нова Влада, што може да одземе и многу време.

„Како очи и уши на граѓаните, избраните пратеници треба да ја повикуваат Владата на одговорност, да ги контролираат нејзините активности и да бидат сигурни дека Владата е тука, да биде сервис на граѓаните, зашто тоа е начинот на којшто функционира демократијата. Најважно е парламентот да се дозволи да започне со работа, што е можно поскоро. Во случајот со Македонија, претстои страшно многу работа: продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, евалуацијата на изборите, развојот на сеопфатен акционен план во борбата против аерозагадувањето на Скопје и другите загадени градови, нова истрага во скандалот ‘Прислушување’, сеопфатен преглед на слободата на медиумите...“, порачува Ванхауте.

sobranie

Според него, треба да се превенираат евентуално можни, моќни играчи да играат доминантна улога од почетокот на новиот парламент. Треба да се примени општоприфатената традиција како начин на случаен избор, со првата официјална седница да претседава највозрасниот пратеник. Ванхауте им порачува на пратениците да бидат свесни дека претседателот на парламентот до изборите, има веќе завршен мандат и не може тој факт да го користи како причина да претседава со првата официјална собраниска седница.

„Oткако мандатите на новоизбраните членови на парламентот се одобрени, парламентот почнува со избор на нов спикер. Ова е значајно - не за да се одложи работата на парламентот, бидејќи како независна институција треба да започне со работа, што поскоро. Чекањето да се формира владата, ако се знае однапред дека тоа ќе трае одредено време, не е добра идеја. Бидејќи Собранието секогаш треба да биде на врвот од сите други институции, не предмет на формирање од Владата, туку целосно независно. Замислете, врз основа на парламетарната процедура, новиот претседател е избран од неколку кандидати, но по договор на новата влада, неколку месеци потоа, тој одеднаш нема да биде член на владејачката коалиција. Ако тоа е случај, тогаш е време да се коригира ситуацијата и да се избере друг спикер (во најмала рака, секој да биде среќен со сегашниот избор)“, советува Ванхауте.

Пред девет месеци заврши мандатот на белгискиот дипломат како пратеник во Европската комисија, но тој остана отворен поддржувач на продемократската јавност во Македонија.

М. Талеска