Ванхауте: За аболиција, фер избори и СЈО не се преговара

Поранешниот олеснувач во преговорите меѓу македонските партии Питер Ванхауте, преку Фејсбук статус, го соопшти својот став во врска со најавите за нови преговори меѓупартиски преговори:

cddzv

„Нови преговори меѓу политичките партии?

Три основни правила за преговори:

  1. Преговорите се можни кога компромисот може да биде краен исход.
  2. Преговорите се можни ако сите клучни засегнати страни се вклучени. Стеснување на преговорите само меѓу политичките партии е атрактивно, бидејќи секогаш е полесно да се преговара со помалку луѓе. Резултатот од ваквите преговори - ако ги има - е ’договор со заврзани очи’, не нуди решенија, само создава повеќе магла и темнина. Во сегашната ситуација, политичките партии кои не се претставени во парламентот, како и граѓанското општество во целина, треба да бидат вклучени, бидејќи иднината на Македонија ги засега сите нив.
  3. Нема преговори кога вредностите и демократските стандарди се во прашање. Во таков случај, партијата/партиите кои се одговорни за непочитување на овие стандарди и вредности, прво, треба да ги решат проблемите. Само тогаш, евентуално може да се земат предвид преговорите за дополнителни прашања.

Да бидам конкретен:

- За итното повлекување на помилувањата не се преговара.

- За одлуката да се одложат изборите не се преговара, бидејќи изборите не можат да бидат слободни и фер. Во сегашната ситуација, основните демократски стандарди не се почитуваат. Сегашната коалиција (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) има обврска да свика итна седница на парламентот, со цел да ги одложи изборите, без понатамошна одлука за нов датум за изборите.

- Не може да се преговара: Расправата за уставноста на Законот за Специјалниот обвинител треба да заврши и да и овозможи на Специјалната обвинителка да ја продолжи својата работа без дополнителни пречки.

- Не може да се преговара: Секое попречување на работата на Специјалната обвинителка треба веднаш да се прекине.

Ако овие услови се исполнети, понатамошни преговори се возможни, за создавање на експертска влада и договор за програмата на таквата влада.