Ванхауте: Во Македонија владее стравот

Симболичниот суд на правдата на граѓанското општество - Tribunus Civilis, го организираше третиот настан, судска расправа посветена на темата: "Злосторство на молчењето", со цел да се посочат и посведочат сите состојби кои го овозможија развивањето на автократскиот систем во Република Македонија. Питер Ванхауте го отвори настанот, посочувајќи на широко распространетиот страв кој го забележува кај граѓанките и граѓаните во Македонија.

Ванхауте: Сакам да ви раскажам за тоа какво е чувството да се вратиш назад во Македонија. Јас бев тука во 2001 година,  за време на конфликтот, и за време на Охридскиот рамковен договор, исто така. Се вратив во 2013-та година,  после настаните во Парламентот во 2012-та. Можам да ви кажам што забележав различно сега. Бев изненаден од климата на страв. Никогаш не сум видел, во сите оние многу места во кои сум работел, насекаде во светот, никогаш не сум видел толку многу луѓе кои се уплашени, кои стравуваат за својата работа, за својата плата, за своето семејство, за своите роднини. Никогаш не сум видел држава во која толку многу луѓе, млади луѓе, бизнисмени, имаат само еден сон: Како да заминат од оваа држава. Ова не е како една, просперитетна, нормална, либерална демократија треба да изгледа.

Марија Теговска