Велешките герилци повикуваат на акција

По саботната герила акција „Затвор за фамилијата“, на Питијадата во Велес, ЦИВИЛ Медиа стапи во контакт со герилците со прашања до нив за мотивите, за начинот на спроведување на акцијата и за нивните пораки до активистите. 

Во саботата, велешките герилци поставија транспарент со порака до партиските функционери на власта дека нема бегање од одговорноста. Транспарентот висна од зградата веднаш до бината на која се одржуваше велешката Питијада на која се појавија високи државни функционери од редовите на владејачката партија.

Герилците за ЦИВИЛ Медиа изјавија дека среде политичка криза, манифестации каква што е Питијадата се само дефокусирање на граѓанките и граѓаните од вистинските проблеми со кои се соочуваат не само на локално, туку и на централно ниво. Според нив, во отсуство на слободен медиумски простор, нивниот акт на делување треба да ги потсети сите на криминалните дела криминалот на владејачката партија.

затвор за фамилијата

„Најавеното присуство на истакнати партиски личности помеѓу кои и на Оливер Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи, нé натера да ги потсетиме на сите обвинителни акти кои се водат кон поранешниот премиер Никола Грувски и неговиот братучед Сашо Мијалков. Даваме безрезрвана поддршка на СЈО во расчистување на сите криминални активности од страна на владејачката партија. Ги охрабруваме сите граѓани да го користат овој начин на делување, бидејќи постигнува голем ефект во разобличување на режимот“, стои во изјавата на велешките герилци за нашата редакција.

14628113_10210922083310806_254761219_n

„Средствата потребни за овој тип на активност се минимални. Потребен само малку материјал кој го имаме сите по дома или е евтин да се набави. Но, пресудна е мотивацијата!“, ни велат овие енергични млади луѓе, повикувајќи ги сите кои имаат што да ѝ соопштат на власта и на пошироката јавност, да не се колебаат и плашат, бидејќи правото на изразување и правото на мирен протест се згарантирани со Уставот и законите, додавајќи, притоа, дека граѓанките и граѓаните треба да бидат буди и секогаш да бидат подготвени да повикуваат на одговорност на оние што ја злоупотребуваат власта и ги кршат законите.

„До следната герила акција!“, ни велат овие храбри и инвентивни герилци при разделбата.

Б. Ј.