Актуелната политичка криза во Македонија, којашто добива историски акцент, гледано од стартот на развојот на македонската плуралистичка демократија, a особено појавата на Шарената револуција, академик Влада Урошевиќ ги споредува со студентските протести во Париз, 1968-та, во кои и тој бил учесник како студент на Сорбона.
„Се надевам дека македонското општество ќе тргне кон некакви подобри времиња“, изјави за ЦИВИЛ Медиа Влада Урошевиќ, истакнат македонски поет, писател, уметник, репрезент на македонската литература и култура. Изјавата ја добивме во Солун, на Саемот на книгата, каде што беше промовиран творечкиот опус на Урошевиќ.
Моника Талеска