Власта бира претседател на СПУКМ: Избори без избор!

На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" денеска се одржуваат избори за претседател на Студентскиот парламент. Изјаснувањето на студентите започна во 9.00 часот, со голем број на прекршувања и без основни услови за одржување на фер и демократски избори.

13555859_1910217555871854_816509685_o

Гласачките ливчиња се флаери без печат, нема паравани за да се обезбеди тајноста на гласањето, гласачките кутии се обложени со бела хартија, а утрово се водеше и интензивна „црна кампања“, против поддржувачите на Студентскиот пленум.

13556079_1278105452217635_1443831779_o
Земајќи ги во предвид овие неправилности, како и фактот дека, како што стои во соопштението на Студентскиот пленум, "oвие избори се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени во лето, надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата, бидејќи им е истечен мандатот", поддржувачите на Студентскиот пленум, точно напладне го бојкотираа изборот.

Од Студентскиот пленум обвинуваат дека комисијата не ги легитимира студентите, ниту пак членовите на Комисијата се легитимирале. Актуелниот претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спироски, чиј мандат е истечен пред две години, изјави дека треба да им се даде шанса на студентите да спроведат избори, а за начинот на кој се спроведуват изборите посочи дека се надлежни од Државната изборна комисија.

Изборите се одвиваат на 23 факултети кои се дел од УКИМ, и треба да завршат во 16,00 часот.

ЦМ

Оваа вест е достапна и на: Albanian