Власта не се грижи за правата на пожарникарите

Бесим Кадриу, претседател на синдикалната организација при Независниот синдикат на пожарникари во Македонија, беше наш соговорник во Струга, во рамките на иницијативата Социјална правда сега! Безбедносните мерки, недостаток од опрема, потребата од колективно осигурување, се некои од низата проблеми со кои се соочуваат струшките пожарникари.

Синдикатот самоиницијативно поднел барање до Општина Струга за исполнување на дел од потребите на пожарникарите. Откако успеале да остварат средба во општината и да го приложат барањето за основните потреби на пожарникарите за заштита при работа, Кадриу добил решение за престанок на работа во рок од два месеца.

„Не знам дали причините да добијам решение за престанок на работа се политички, партиски или не се. Но, дали е праведно да бараш нешто што законски ти следува, а за тоа да ти дадат такво решение?  Синдикалните организации кои работат во интерес на работниците се изложени на истите притисоци како и синдикатот на пожарникарите. Ова што се случува на локално ниво е само копија од она што го прави централната власт“, изјави Кадриу за ЦИВИЛ Медиа.

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ

Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега!Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.