Величковски: Изборите ниту ќе бидат фер, ниту демократски!

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски на конференцијата „Слободни избори 2016„ рече дека не може да се очекуваат фер избори, кога граѓаните наместо во МВР, имаат поголема доверба во ЦИВИЛ, па таму ги пријавуваат аномалиите и проблемите со Избирачкиот список и другите злоупотреби и притисоци од власта. Тој беше дециден дека и по изборите, во Македонија ќе продолжи кризата во друга форма...

 

„Изборите ниту ќе бидат фер, ниту демократски, а ќе бидат толку кредибилни, колку што потписниците на Пржинскиот договор и претставниците на меѓународната заедница ќе сакаат да си ја смират совеста! Мора да знаеме зошто ни се потребни слободни избори. Ако власта не е демократска, вие не може да ја уривате со демократски средства. Извор на кризата е нефункционирањето на институциите на власта... Ќе имаме избори со непрочистен Избирачки список. ДИК е формирана со шест претставници на политички партии, кои имаат различни критериуми. Согласно Пржинскиот договор, јасно е дека тие се признати, без да се одржат. Најдобро е претставниците на политичките партии да си ги напишат резултатите во ДИК“, рече Величковски.

Оваа вест е достапна и на: Albanian