Велешани и денеска на мирен протест

Велешани петти ден протестираат по главните улици, движејќи се по познатата маршута, почнувајќи од „Авона“ до штабот на ОК ВМРО - ДПМНЕ во Велес. Протестот поминал мирно и без инциденти во соработка со припадниците на СВР Велес. 

На крајот, на демонстрантите им беше соопштено дека протестите продолжуваат и во текот на утрешниот ден со почеток во 18 ласот на истата локација.

13078384_10209489237770563_1526690594_o (2)

Пред да почнат протестите, пристигнале и  двајца набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР, кои поразговарале со неколку од присутните демонстранти, ги прашале за нивните барања, дали се партиски активни, дали момчето што го држи мегафонот е нивни водач...?

Еден од граѓаните им соопштил дека тука сите  протестираат без никакви притисоци, додека контра-демострантите доаѓаат од јавната администрација и локалните институции во градот, со правење на списоци и преку испраќање на СМС пораки.

Во 17:30 симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, претежно вработени во јавна администрација заминаа организирано со воз на контра-протестот во Скопје.

Дејан Ристов