Граѓанките и граѓаните на Велес, по дваесет и први пат, синоќа протестираа во боите на Шарената rеволуција.
Како што за ЦИВИЛ Медиа, информираше долгорочниот набљудувач од овој град, протестот започнал од пред кружниот тек кај „Авона“.
Демонстрантите се движеле по улицата „Благој Ѓорев“, покрај кафе баровите во Велес, извикувајќи: „Апаши!”, „Вратете ги парите!”, „Бардовци за Илија!”, „Поддршка за СЈО!”, „Револуција!”, „Затвор за фашистите!”, „Мафија на робија!”… Тие уште еднаш ги повторија барањата на Шарената револуција, и потсетија дека селективната правда не е правда, и дека протестите ќе продолжат до целосното осварување на правдата и владеењето на правото.
Протестот завршил на плоштадот С'рмаале каде свои обраќања имале Лилјана Ноневска и Виктор Алексовски од Велес, и Игор Трајчевски и Мила Царовска од Скопје.
Протестите во Велес продолжуваат во среда.
Оваа вест е достапна и на: Albanian