По петочната посета на тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода на Велес и разговорите со претставниците на политичките партии, со медиумите и со претставниците на невладиниот сектор, активистите на ЦИВИЛ од овој град, и денес, на своите сограѓан(к)и, на велешките улици, им делеа информативен материјал за проектот „Набљудуваме“.
Во четвртокот и во петокот, два тима на ЦИВИЛ од Скопје ги претставија проектите за изборно набљудување, пред граѓан(к)ите на Охрид, Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран, Струмица, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес.
ЦИВИЛ веќе подолго време ги имплементира проектите „Напред!“ и „Набљудуваме“, кои се однесуваат на долгорочно набљудување на предизборниот период, за по договорот за закажување на изборите за 11-ти декември, да ги интензивира своите активности за изборен мониторинг на политичките процеси и настани во изборен контекст.
Во периодот што следува ќе се спроведе финалната и најинтензивна фаза во имплементацијата на проектите за изборен мониторинг што ги спроведува ЦИВИЛ.