Во рамки на одбележување на Меѓународниот ден против насилството врз жените, 19 политички партии, денеска, потпишаа Декларација за заштита на жените. Со потпишувањето на оваа Декларација, партиите се обврзаа дека ќе ја ратификуваат Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство.
Од поголемите политички партии, единствено ВМРО-ДПМНЕ не ја потпиша Декларацијата?!
Ратификација на Истанбулската конвенција значи обврска на државата за обезбедување на финансиски средства за отворање на прифатни центри за жени - жртви на насилство. Од Националниот совет на жените во Македонија велат дека најголемиот проблем е што законските одредби не се применети во пракса, односно, дека не постои соработка меѓу институциите, па жртвите се принудени да се снаоѓаат сами.