ВМРО-ДПМНЕ од цела Македонија превезува контра-демонстранти во Скопје!

ЦИВИЛ – Центар за слобода од утрово постојано добива пријави од долгорочните набљудувачи и од граѓанските новинар(к)и, за мобилизацијата која владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува во градовите низ Македонија. Целта на мобилизацијата е да се донесат што поголем број на контра-демонстранти, кои според вчерашното сценарио ќе се собираат пред седиштето на СДСМ.

Охрид, 13 април 2016

Охрид, 13 април 2016

“Од Охрид се спремаат за тргнување 4 автобуси, моментално паркирани на Бул. ‘Туристичка’. Mеѓу патниците ги препознав повеќето вршители на јавни функции во градот, како што е директорот на ЈП ‘Комуналец’, директорот на Здравствен дом, заменик директорот на Капетанија...”, стои во извештајот на долгорочниот набљудувач од Охрид.

Според информациите кои ЦИВИЛ ги добива од терен, од своите мобилни тимови, ВМРО-ДПМНЕ побарала А.Д. “Транскоп” од Битола да обезбеди 10 автобуси кои тргнале кон Скопје од повеќе локации низ градот.

Два автобуса и две мини комбиња, според граѓанскиот новинар на ЦИВИЛ, во 17:00 трганале и од Прилеп.

Прилеп, 13 март 2016

Прилеп, 13 март 2016

Долгорочниот набљудувач од Штип, информираше дека од Штип тргнале два автобуси. Во едниот автобус се качуваат млади, додека пак другиот автобус е наменет за постарите жители на Штип. Од останатите градови од Источна Македонија обезбедени се 16 автобуси!

Дали власта намерно подготвува граѓански судири на улиците на Скопје за заштита на осомничените за криминал?