EVENT.02
четврток, 4 јули, клуб Менада, Стара Чаршија, од 20 до 01 часот
Цивил организира настан на тема „Во одбрана на човековите права: Улогата на уметникот“. Настанот е во рамките на проектот „Проговори“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права и солидарноста. Проектот вклучува уметници во одбрана на човековите права и слободи во општеството.
Во првиот дел од настанот со почеток во 20 часот, Цивил накратко ќе го презентира проектот и Манифестот „Проговори“ и ќе упати повик до сите креативни луѓе и уметници во земјава да помогнат во промоција и одбрана на човековите права во земјава во духот на солидарноста меѓу луѓето. По оваа презентација, на присутните ќе им се обрати Амбасадорката на Германија, Н.Е. Гудрун Штајнекер
„Стихови на слободата“ е наслов на слем поетската сесија која ќе започне со Пунторие Муча Зиба, Кочо Андоновски, Петар Стојковиќ и Џабир Дерала. Во духот на слем поезијата, ќе се поканат и присутните да настапат со свои стихови на сцената на клубот Менада.
Со почеток во 21 часот, Цивил ќе ја отвори дискусијата на тема „Во одбрана на човековите права: Улогата на уметникот“ каде сите присутни ќе добијат простор да проговорат за состојбите и позицијата на уметниците во македонското општество. Тие ќе бидат запрашани и за тоа како уметниците можат и треба да помогнат во јакнење на јавната свест и одбраната на човековите права во едно општество. Од досегашните искуства, забележуваме дека оваа тема буди силен интерес и бурна дискусија. Се надеваме дека така ќе биде и во оваа пригода.
По дискусијата, следи диџејска програма до 1 часот по полноќ.
Проектот го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија со 20,000 евра и трае од април до декември 2013 г.