ЦИВИЛ- Центар за слобода, го започнува настанот за доделување на награди на петте најдобри видео и фото материјали, кои беа подготвени од граѓанските новинари. Доделувањето на наградите е дел од проектот: "Граѓански објектив".
Присутни на денешниот настанот се учесниците на семинарите, како и дел од предавачите. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала го претстави проектот и комисијата составена од тројца членови кои се дел од тимот на ЦИВИЛ и ЦИВИЛ Медиа.
Во моментов, пред присутните се обраќа новинарот и уредник Бранко Героски, според кого проектот "Граѓански објектив", има голем потенцијал на направи промена во развојот на македонското новинарство, кое во моментов е на најниско ниво, во последните 35 години.
По обраќањето на Героски, се обрати и актерот Перо Арсовски, кој зборува за позитивната улога на ЦИВИЛ во општеството, "која е тип на невладина огранизација каква што тој замислува дека треба да биде."
"За да се зборува за ЦИВИЛ, треба да се напише една книга", изјави гостинот од Липково, еден од учесниците на скопскиот семинар, кој ја поздрави работата на ЦИВИЛ.
Граѓанските новинари кои се ангажираа во проектот „Граѓански објектив“ испратија повеќе информации и стории, како учесници во натпреварот „Биди граѓански новинар!“. Голем дел од текстовите, фотографиите и видео-материјалите сведочат за партиски злоупотреби и притисоци низ целата земја.
Започнува доделувањето на наградите! Во моментот, Дерала ја доделува едната од двете награди за четврто место за трудот: "Оти ЦИВИЛ нема во Америка". Авторката Билјана Милановска, реши да се претстави пред гостите на настанот и да не биде анонимна: "Видеото е премногу добро за да се остане анонимен", изјави Милановска, пред да ја подигне наградата.
Четвртата награда е за текстот: "Владиката Агатангел вдахновен од власта". Граѓанскиот новинар, автор на фото веста е Димче Велев од Велес.
Третата награда жири комисијата на ЦИВИЛ ја додели на Божидар Барлакоски од Прилеп, за текстот кој ЦИВИЛ веќе го објави на својата веб страна: "Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници".
Граѓанската новинарка Тања Кангалова од Штип, е добитник на втората награда, за видео материјалот: "Немам доверба во никого"
Првата награда ЦИВИЛ ја доделува за видео материјалот: "Конвој автобуси за унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ", кој е веќе објавен на веб страницата на ЦИВИЛ. Авторката на оваа содржина одлучи да остане анонимна.
"Остануваме доследни на тоа што досега сме го правеле, а тоа е да бидеме израз на граѓанската вoлја на граѓаните и граѓанките, кога тоа најмногу им треба.", со оваа порака Џабир Дерала го затвори денешното доделување на наградите, и ги повика граѓанските новинари и новинарки да продолжат да испраќаат видео и фото содржини, во рамки на натпреварувачките циклуси на конкурсот "Биди граѓански новинар" .