На објавените видео материјали на интернет порталите, кои се однесуваат на тепачката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, снимени се две лица кои присилно ги одземаат гласачките кутии. Како што ЦИВИЛ Медиа дознава, се работи за вработени лица од Битола, а не за студенти. Според изворите на ЦИВИЛ Медиа, се работи за Марјан Стефановски - Чаки, вработен во Шумската полиција и Владислав Станковиќ вработен во ЈП „Водовод" во Битола. Како што може да се забележи на нивните Фејсбук профили, двајцата се активни поддржувачи на ВМРО - ДПМНЕ.
Оваа вест е достапна и на: Albanian