Врховен суд укажува, навреме да се издаваат уверенијата од казнена евиденција

Врховниот суд на Македонија попладнево со писмен допис му укажа на Кривичниот суд дека треба навреме се организира издавање на потребните уверенија од казнена евиденција за кандидатите од пратеничките листи за вонредните парламентарни избори закажани за 11 декември.

osnoven-sud-skopje-11-860x680

Основен суд Скопје 1

 

Како што стои во соопштението објавено на веб страницата на Основен суд Скопје 1, дописот испратен од Врховен суд, бил насловен до претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, а по ургенцијата од шефот на Изборниот штаб на СДСМ, Дамјан Манчевски.

А, СДСМ на прес конференција ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Панчевски за опструкции на изборниот процес.

„Согласно со Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) треба да поднесат уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени со казна затвор од најмалку 6 месеци. На кандидатите од листите на СДСМ, кои поднесоа барања им е кажано дека уверенијата ќе може да ги подигнат на 15 ноември, а рокот за поднесување кандидатски листи е до 11 ноември. Ваквото однесување на Панчевски е класичен пример на злоупотреба на службената положба и води кон рушење на изборниот процес“, обвини Шилегов.

И ДИК од судот побарала поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност. По сите овие реакции упатени на адреса на Кривичниот суд, Основен суд Скопје 1, во денешното најново соопштение,објавено на веб страницата, им укажува на барателите, навреме да поднесат барање за потребните уверенија, http://osskopje1.mk/Novosti.aspx?novost=577  , како и за начинот како да аплицираат.

„Со цел кандидатите да го запазат законскиот рок, ги известуваме сите инволвирани дека, ова е вообичаена процедура по која постапува судот и по која постапувал на сите претходни изборни процеси. А, дежурствата се организирани, уште од вчера. Уверенијата од казнена евиденција, кои порано се викаа Уверенија за неосудуваност, веќе се издаваат навремено и доколку рокот за пријавување од страна на ДИК биде продолжен, секако дека ќе се воведат дежурства и за дополнителните денови“, стои во најновото соопштение од Основен суд Скопје 1.

Испратените угренции судот ги смета, за политизирање на работата на овој суд.

„Непотребно се политизира работата на судот и се злоупотребува ажурноста на судските служби со наводи дека, преку судот се опструираат изборите“, соопштуваат од Одделот за односи со јавност на Основен суд Скопје 1.

Моника Талеска