Биди граѓански новинар! Испратете свои фото или видео записи, текстови за нерегуларности, манипулации и злоупотреби во изборниот процес! Кликнете ТУКА за да конкурирате.
Доколку ви е поедноставно, испратете ги вашите трудови на електронската адреса [email protected], а доколку материјалот што го испраќате е преголем, испратете го преку страници за видео трансфер, како што е WeTransfer или MyAirBridge.
Со секоја пријава, со пополнување на формуларот за учество, учествувате во натпреварот за граѓански новинарки и новинари. Сите трудови кои ги задоволуваат стандардите, подлежат на минимална редакциска обработка, по што се објавуваат. Комисијата на ЦИВИЛ ќе одбере пет најуспешни трудови овој месец, кои ќе бидат наградени со вредносни ваучери за набавка на фото, видео, компјутерска и телефонска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари.
Запомнете! Секој полнолетен граѓанин што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во нашиот и вашиот проект.
ЦИВИЛ ги повикува и ги охрабрува сите граѓанки и граѓани, преку истражување, медиумски активности и активизам да дадат свој придонес во јакнење на јавната свест и за политичките процеси во контекст на престојните избори, за да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и да се идентификуваат случаите на кршење на гласачкото право.
Задолжително е материјалите што ќе ги испраќате да бидат придружени со детален опис на времето, местото, текот на настанот и учесниците во самиот настан. Авторите, како и лицата кои се вклучени во прилозите може да останат анонимни зависно од договорот со авторите и од законската регулатива за овој вид продукција и издаваштво.
Граѓански објектив е проект поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.
Досега наградени трудови на граѓанските новинарки и новинари:
Партиски закани во Унија на жени на ДПМНЕ – 1. награда
Немам доверба во никого! – 2. награда
Прилеп: партиска пропаганда и манипулација со малолетници - 3. награда
Оти Цивил нема во Америка? - 4. награда
Владиката Агатангел вдахновен од власта - 4. награда
Оваа вест е достапна и на: Albanian