Во саботата во Општината во Охрид ситуацијата беше "ЦИВИЛ во гнездото на змејот“ (верувам дека читателите на овој текст го гледале култниот филм со Брус Ли). Влегувајќи во салата, не ги забележав веднаш лицата на присутните. Единствено, видов дека во првиот ред седат претставници од Општината. Во ред. Домаќини.
Започна официјалниот дел од настанот, со кратка најава. Го поканија заменик градоначалникот да се обратит. Тој, си изваде спремен говор, на неколку страници. Веднаш се осети тонот, начинот на изразување и тенденцијата на сето то шо се читаше. Се повикуваше на светителите, на не знам шо, историски, вака-онака, отсекогаш во Охрид имало слободни избори (а мене, одма ми текна на пукањето во „Магнус“, на масло/ брашно/шеќер и останати врсти поткуп на Египќаните и другите битни малцинства за да се добијат изборите). Чоек одма го осеќат моментот, дека со нелагодност, со лажен пиетет, со доза на цинизам сето то се претстави, намерата беше да се поттикнит нешто друго. И пак, по навика, да не се обѕрнувам наоколу, да скенирам, не видов кој сè е присутен, колку луѓе имат.
Иаку, претпоставувам дека беше поинаку конципиран настанот, секако, беше кажано и од Синиша дека вообичаено е поинаков пристапот - со одење на јавни места, на отворено, во непосреден контакт со граѓани- овојпат, и покрај убајот ден, се избрала ваква опција.
После кусото излагање, започна дискусија, и тука се покажа све. Како шо домаќинот на островот, каде дојдоа Брус Ли и неговите пријатели (демек, екипата на ЦИВИЛ) најнапред беше насмеан, со убави говори и данајски дарови, аку така можам да го опишам тој момент, како шо се расплеткуваше дејствието, се виде вистинската намера.
Прв на бината беше секретарот Димитар Спасески, се трудеше да одржит баланс, нормално, носител на функција. Кажвеше како пред да дојт тој, све било со страв, се стегале луѓето, се поткупвеле, а откако тој дошол, негова заложба било да немат притисоци. Ама, сето она шо го кажвеше за другите, пред него, го прајт и неговата партија. Отпрво помислив дека намерно имат ваква нарација, да се удрит сатира некаква, за сендвичите и автобусите, ама не беше така. Убо зборвет, на бина, дотерани, средени, ама пак, се осеќат нешто. И на крај, вратата од Општината е секогаш отворена, демек од татка му е то, па сега добрата волја негова. А и мое е она, то е јавна установа. Опасни работи се тие, ко ќе го тераш јавното како свое, односно: ето, супер сме ние, вие сте со странскиве служби (индиректно, од неколкумина, то се кажа).
Следно излезе Тони Коталески. Граѓанин на Охрид. Како и сите присутни. Така гласит и насловот на проектот. Непристрасен. Пеки. Арно ама, од старт се поби, пошо извршуват јавна функција - директор на ЈП „Градски пазар“ Охрид. И терат на едната страна. Колегите веројатно не го знаат, ама јас многу добро го знам и како и од каде застана на толку висока функција. И одма, напад! Аку охриѓани мислеле дека немат слободни избори во салата ќе имало илјадници. Ама немало. Преголема била и главната сала, настанот комотно можел и во некоја канцеларија да се одвиват. Пошо сите знаеле шо е и како е, и ЦИВИЛ немал никаква поддршка. Оркестрирани излагања, се осеќет од Пекинг...
После се јави и Горан Устијаноски. Се претстави како граѓанин. Нормално. Во слободно време си работит како капетан во Капетанијата на пристаништата. Опозицијата тепала полицајци. Хулигани со камења. Свртен кон колегите, кои седеа, ми се чинеше ко да ги с'скат на тепање. Екипава, како и главните ликови во филмот, ладна, одмерена, одлични реакции, искуство... Откако следеше кратко објаснение од Синиша, почнаа скандирања, од публика, како основци. Ги видов кои се, сите (безмалку) директори на јавни институции од Охрид. Сите заедно. За Македонија!
Едно извонредно излагање на Петрит следеше, каде се кажаа доста интересни информации, историски, кратко, непристрасно, една паралела за 1994 и 2016, за аздисаната власт. Она шо им одговараше, го премолчеа, ама кога се спомна сегашнава власт, е тогаш пак негодувања.
Се јави за збор Зоран Симоноски, граѓанин. Инаку директор на ЈП "Управување со градски гробишта" од Охрид. Бараше некои одговори, ама не за слободните избори, изборните циклуси, нешто од излагањето, туку за хулиганите. Им кажа Синиша одредени информации, односно поинакви од оние кои тие ги имет прифатено, или пак не ни знаат, и до крај имаа забелешки за тоа. Тука се виде дека намерата нивна е организирано идање на настанот, опструкции, напади..., за да се одземе време, да се дефокусира целата работа. Ама то не се деси.
Се дозволи да зборува и една повозрасна госпоѓа, која опали со македонштината, „вашите донатори да се известат дека ние сме ова, дека не даваме она... Јас сум Македонка...“ Професорка по македонски јазик. Очигледно, го згрешила настанот, на само неколку стотини метри се одвиваше јавна дебата за образованието, кај шо би можела да дајт конкретен придонес. Не, нејзе ѝ сметаа други работи, односно, како падната од Марс, си зборвит нешто, неповрзано со темата. Секако, ќе се спомнат во зборвењето - слободни избори, народ, демократија, и така. На другата дебата веројатно требаше да појде и Розе Костеска, граѓанка која инаку е директор на градинките. Таму се зборуваше за учебници и помагала, застарени програми и содржини. Таму припаѓаше и директорката на библиотеката, и уште некој друг локален функционер. Ама, одбраа да направат пазар од овој настан, или само како фигури шаховски да седат, доколку се укажит потреба од нив, да се жртвувет за партијата (пардон - градот).
Поранешен пратеник, Владо Чингоски, член на Совет, носител на други функции, но и дел од избирачкиот процес, дел од опозицијата, но мислам дека не е повеќе активен… Излезе и јавно ги кажа сите овие „граѓани“, ги покажа, кои се и како се, па дури и негов братучед, кој е дел од владејачката партија. Кажа многу работи, бараше да се заложат, и ЦИВИЛ и другите, стварно да се издејствува сузбивање на некои лоши навики, поврзани со изборите, колку може повеќе. Тука и пред камера паднаа маските, иаку секој, и носител на функција, секако дека имат право да дојт на било кој настан, ама овде, не беше таков случајот.
Интересна работа. Немаше нумерација, немаше позиции посебни, за седење, ама одма се издиференцираа вистинските граѓани од оние кои така се претставуваа, а бранеа ставови партиски. Сите тие, без разлика на која партија припаѓаа, се сместија на едната половина, по средина имат премин, а сите ние останати, бевме на другата страна. То е некое инстинктивно правило, одма се насочвит чоек таму кај шо требит (припаѓат).
Токму обичните граѓани им одржаа лекција на овие другите. Еден постар господин, одличен говор, сосема на темата, умерено, со убав тон, ги замолче сите. Неговата старост е мудрост, се воодушевив. Ќе го гледате видеото. Кажа реално, кажа непристрасно. Доби аплауз. Ама искрен.
По него еден мој познаник, Албанец, Агрон Биба, актер и режисер, исто така на многу убав начин ги искажа своите мисли, неколку пати прекинат од тие граѓаните, на два пати и погрешно разбран… Пошо толку уката и логиката. Дури и неиспочитуван од неговите сограѓани, кои почнаа да го напуштаат настанот. По сите тие постапки, се гледат кој е дојден по своја волја, кого би го интересирале овие излагања, а кој дошол по наредба, со друга цел.
На крај излезе и најмладиот присутен. Се обрати со интересен говор, кратко, кажа одредени искуства, една анегдота, поврзана со изборите во Велика Британија. Дури им замери на тие граѓаните дека еден сат се зборвело за небитни работи, се одзело време.
Тие тројца го вратија нивото и потоа имаше обраќање и од Џабир. Незадоволството им се спласна на овие „граѓаниве“.
Со еден одличен тајминг, се направи да на крај, директорот на „Нискоградба“, Сашо Донев, односно „граѓанин“ на оваа средба, да предложит соработка помеѓу партиите и ЦИВИЛ, односно невладиниот сектор. Финале.
За разлика од филмот, кај шо Брус Ли го опра од ќотек тој главниот, овде целата таа еуфорија и наплив беа победени со зен тактика, без ниеден збор кажан. Дојде све на свое место.
Сакаа да се фатат пак, некои, од позади, веројатно покасно идат бранот на позитивизам пуштен од бината према нив, па директорот на ЈУНП Галичица (кој во својата институција, на јавната дебата за планот за управување избега, за да не одговорит на прашања наменети за него) поцрвенат во лицето, под емоции, сакаше да го девалвират моментот дека е улаво - чоек од седми кат, во зграда од пет ката, да гласал на избори. Така да скокаше за Галичица, да беше ревносен и мотивиран, кај ќе нѝ беше крајот.
Една од последните беше советничката од опозицијата, како единствен претставник. Кратко излагање, но тонот беше поинаков, смирен, зборовите одбрани. Сосема различно од некои колеги нејзини, и други. Мислам дека последен беше главниот на Капетанија, кој исто така, имаше одмерено излагање, со неколку прашања упатени на колегите, одредени несогласувања... Се осеќет луѓето кои се поинакви, не само со сила.
Унијата на жените, на крај нешто се разборвеа, на сјодвење, се смешкаа, - демек, пристрасни сте сепак, не знам шо… Кутри жени, малограѓански табиет, чоек само да ги гледат и да им се чудит. Како се осеќат разлика, неверојатно е: некој одмерен и некој само за кавга, ко на чешма сред село, па ајде, да грабниме некого... Светлосни години разлика.
Ја видов Елена (не ѝ знам презиме) директор на ЈП "Охридски Комуналец" - Охрид, цела недела децана од „Чист Охрид“ ја бркет, ја молет и јавно и директно на работа ѝ одет, да се кренит сметот шо го собраа кај болницата - немат слух. А, за идање вакво одма, дотерана, седеше до крај. Излези-влези, или чепкај по телефоните, без фокус, без реална желба за присуство.
Ги гледам, какви личности, каков склоп.:. И на оние, кои онака собрани на купче се една гротеска, не се ништо посебно, десетици илјади луѓе, нивни вработени, подредени, им се плашат. Ги молат, им се правдаат. Ама, не ги виделе на овој начин, во оваа ситуација, колку се минијатурни. Иаку ги знаат, карактерно и човечки, какви се. Личности, кои една мала група активисти и уште неколку обични граѓани, ги смири, ги надвладеа, им ги расипаа плановите.
А шо би било, сите тие со страв, погоре спомнати, сите други, само да се обратиме, да речиме – не! Чекајте, вие и вакви ко шо сте, не го заслужвите нашето внимание. И не ве сакаме, пошо според ова како се обративте, не ја заслужвите нашата доверба и чест, ние не сме вакви. Ама требит шо појќе вакви настани, отвореност, храброст (и во излагањата се говореше за ова, за вредностите чоечки) и да се отворет картите, да се тргнет маските.
Реферат напишав. Морав да го споделам. Обично така прам. Впечатоци. Знам дека соочени - разумот стално ја победвит дрскоста, лагата, односно не дават да земит замав. Беше интересно искуство. Мене едно ми кажа настанот. Имет страв од Брус Ли, инаку не би се организирале. Аку беше како шо рече тој „граѓанинот“, немате поддршка, или сте незначителни, не ќе се спремаа вака. Планирано, праено, се осеќет тие работи. Неуспешно им беше. Имет страв од факти, од документи, од сведоштва, од разоткривање... Пошо им тече низ панталони, шо би рекол нивниот бивши.
Кој си ја имат мувата на капата, ќе скокат.
Поздрав од Охрид.