Протестот на 82 граѓански организации од „Граѓаните за Македонија“ заврши со говорите на Петрит Сарачини, Мирјана Најчевска, Павле Богоевски, Огнен Јанески и други.
Во овој момент, студентите одат кон полициска станица БEKO за да протестираат за ослободување на нивните другари, приведени на вчерашните протести.
Истовремено, пред ОК ВМРО - ДПМНЕ е забележано силно полициско обезбедување и неколку оклопни возила, а дел од демонстрантите се пред барикадите на полицијата.
Оваа вест е достапна и на: Albanian