„Јавно апелирам власта да ја промени одлуката од 650 милиони евра на, не повеќе од 250 милиони евра. За тоа и ќе се потрудиме да имаме разбирање. Ова го кажувам затоа што знаеме дека оваа Влада е неразумна и троши буквално забегано, на глупости“, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев по повод најновото скандалозно задолжување на Владата
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=kaAZvgvQHiM[/youtube]
„Дојдено е да мора 250 милиони евра да се земат кредити, заради тоа што ќе банкротира државата. Но, 650 милиони евра ново задолжување на граѓаните, тоа е недозволиво! Јавно апелирам и ги замолувам и 'Сити Банк' и 'Дојче банка' и до сите потенцијални купувачи на обврзницата. Во името на децата на граѓаните на Македонија да не ја купуваат оваа обврзница, ако сакаат да имаат разбирање за сите идни генерации во Република Македонија“, порача лидерот на СДСМ, Заев, денеска од Охрид, каде се одржа Летен камп на социјалдемократската младина.
ЦМ