Заев: Ќе направиме сè граѓан(к)ите да се дел од преговорите

Срамното обраќање на Ѓорге Иванов, е обид да се наруши угледот на Специјалното Јавно обвинителство, да му обезбеди пат на Никола Груевски, да го суспендира правото. „Договорот од Пржино е неодржлив без владеење на правото. Излезот 0д кризата единствено е можен преку правото, обезбедувањето услови за фер и демократски избори, прочистен Избирачки список, слободни медиуми и влада која ќе ги обезбеди тие услови. Граѓанската свест и активизам се нова вредност во Македонија. Прогонот врз активистите мора да прекине и да се слушне гласот. Ние ќе направиме сè што е во наша надлежост и тие да бидат дел од преговорите, и да учествуваат во решавањето на кризата. Борбата продолжува", изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Оваа вест е достапна и на: Albanian