Жителите на скопско Ласкарци реагираат дека по тригодишни ветувања, деновиве предизборно се покриваат улиците

Жителите на скопското село Ласкарци, во областа Дервен, на патот кон Тетово, се револтирани од актуелните градежни работи на локалните власти, кои имаат за цел - добивање на гласови.  На граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен, тие му изјавиле дека е во ред да се изведуваат градежни работи во селото, но не - во пресрет на изборите. Граѓаните се револтирани од потегот, и тоа и го споделуваат и на социјалните мрежи, протестирајќи што властите се сетиле и на нив, токму сега...

На официјалната Фејсбук страница на Локалната заедница на селото Ласкарци, се наведува: „Денес, на 30.11.2016 започна работата за  поставување на бекатонски плочки на една улица, планирани од раководството на Локалната заедница, со помош од нашата општина (Сарај)“.

Улицата на фотографиите почна да се гради на 10-от ден од предизборната кампања на изборите што ќе се одржат на 11-ти декември, 2016 година.

[huge_it_gallery id="16"]

„Изградбата на оваа улица се ветува многу години”, му изјавил жител на селото, кој сака да остане анонимен заради сопствената безбедност, на граѓанскиот новинар. Тој вели дека изведбата е дело на Локалната заедница на селото, чие раководство се поддржувачи на владејачката партија - ДУИ, во соработка со Општина Сарај, чиј градоначалник е Беким Мурати, кадар на ДУИ.

Изворот на граѓанскиот новинар вели дека ДУИ се обидува да ги придобие гласовите на жителите на селото, со предизборно прекривање на улицата со бекатон-плочки, како доказ дека во селото нешто се работело и дека партијата ги заслужува гласовите на жителите.

Граѓанскиот новинар направи и анкета со неколку жители од селото, од кои добил идентични одговори. На прашањето кога е поднесено барање за изградба на улицата, одговорот на жителите е дека тие не поднеле барање за изградба! На прашањето - кога за првпат, Општината ветила изградба на оваа улица, одговорот е - „уште во 2013-та година!“. А на прашањето за нивно мислење - зошто оваа улица се гради токму сега, граѓаните главно одговориле:  „Улицава се гради сега, за да се одвлече вниманието на жителите од јакнењето на албанската опозиција, и тие да се убедат да гласаат за албанскатапартија во власта“.

Истовремено, токму во пресрет на предвремените избори, се изведуваат работи за поправање на регионалниот пат Скопје–Тетово. Поправките на патот се вршат во зимски услови и не можат да се оправдаат никако поинаку, освен дека крајната цел на овие “задоцнети” работења се – гласовите на жителите на Ласкарци и на целиот Дервен.

Оваа вест е достапна и на: Albanian