Тимот на ЦИВИЛ Медиа разговараше со повеќе граѓанки и граѓани на Прилеп за социјалната (не)правда, живот на работ на егзистенција, иселувањето на младите и маките со кои се соочуваат стечајците.
„Преживувам со социјална помош од 1200 денари, благодарение на оваа власт која се чука во гради дека на социјалците им е супер...“, ја започна својата тажна приказна нашата соговорничка од Прилеп.
Нејзината приказна е сведоштво за сиромаштијата со која се соочуваат прилепчани, особено оние кои со години преживуваат само од социјална помош.
Во продолжение изјавата на нашата соговорничка од Прилеп.