Цивил апелира до Црвен Крст и други хуманитарни организации во Република Македонија да организираат хуманитарна помош за населението и подрачјата настрадани во поплавите во соседна Бугарија. Убедени сме дека голем број граѓан(к)и на нашата земја се подготвени да ја покажат својата хуманост и овојпат, како и во тешките денови за населението на Србија, Босна и Хрватска. За тоа да се случи, потребно е да се организира таквата помош во материјални добра, како и отворање телефонски линии за парична помош. Ја потсетуваме владата да ја ослободи од данок паричната помош за нашите соседи.