Повик до граѓаните да излезат на протести „Против монтираните случаи“ е упатен преку социјалните мрежи по изречените казни доживотен затвор за шестмина обвинети во случајот „Монструм“.
Во соопшението се повикува на протест „против монтираните случаи, невините убиства, семејните малтретирања, етничката омраза и верската омраза“.
„О, вие луѓе, ова не е само протест, туку е национална обврска да живееме со мотото: денеска кај соседите, утре дома. Доколку не интервенираме денес кога неправдата достигна кулминација, тогаш нека останат без сон очите на страшливците“, се вели во објавата.
Цивил – Центар за слобода апелира за смиреност, разбирање и почитување на правото на протест.
Протестот е закажан за в петок (4 јули), по пладневната молитва, од кај комплексот Чаирчанка.
Арбана Ќерими
Оваа вест е достапна и на: Albanian