ЦИВИЛ бара оставка на Владата и слободни избори!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска напладне одржа прес-конференција и средба со граѓанките и граѓаните, како и со заинтересираните политички субјекти пред Собранието на Република Македонија, непосредно пред почетокот на последната парламентарна седница, пред распуштањето на Собранието, кое е закажано за утре.

12973149_941742049277598_998153252977879777_oПретставникот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, со јавноста го сподели  ставот дека слободни избори не се можни на 5-ти јуни и дека Владата треба да поднесе оставка поради неуспехот да го спроведе Договорот за надминување на политичката криза, потпишан во Пржино, и со тоа го  оневозможи создавањето услови за одржување на слободни избори во Република Македонија.

“Избори со фантоми, избори со уцени, избори со злоупотреба на јавните пари, со нашите пари, избори со злоупотреба на администрацијата, со притисоци со насилство, со структурно насилство и со кршење на човековите права и слободи, не сакаме! Сакаме слободни избори! Tоа подразбира изборите да бидат организирани од институции кои се непартиски, кои се натпартиски, институции ослободени од партискиот диктат на партиите на власт”, изјави Дерала.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара “Владата да поднесе оставка бидејќи и онака е веќе десеткувана. Сметаме дека тие избори, слободни избори може да ги организираат институции и влада која не е инфицирана со сериозни индикации за тешки криминали и злоупотреби на моќта. Бараме слободни избори да се спроведат и преку институциите кој се најповикани за тоа, пред сé, Државната изборна комисија. Таа мора да се професионализира дополнително. Бараме изборите да се одложат намалку до крајот на септември, ако не и повеќе. Ќе почекаме…Толку време чекавме слободни избори, ќе почекаме уште малку, но тоа да биде време исполенто со работа, политичка волја, и се разбира, со владеење на правото.

12973495_941741969277606_4718563644014734285_o

На денешната средба пред Собранието, присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации, слободни граѓани и граѓанки, како и бројни медиуми.

Марија Теговска

 

‪#‎СлободниИзбори

Соопштение на ЦИВИЛ, 5 април 2016

ВИДЕО: Соопштение на ЦИВИЛ, 4 април 2016

 

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish