ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со поддршката на Студентски Пленум. Денеска, со почеток во 14 часот, тим на Цивил ќе излезе на ул. Македонија и ќе прибира доброволни парични прилози од своите членови, поддржувачи и од солидарните граѓанки и граѓани. Зборно место за членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ е пред кафулето Плеј на ул. Македонија.
По завршувањето на оваа акција, донираните парични прилози тимот на Цивил ќе ги предаде на Студентскиот Пленум во УКИМ.
Ова е најмалку што можеме да направиме за нашите храбри студентки и студенти. #ПоздравПленумци