ЦИВИЛ денеска со Инфо-штанд во Старата скопска чаршија

Во рамките на проектот „Набљудуваме!“, денеска од 12:00 до 13:30 часот, екипата на ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе постави инфо-штанд на платото пред Универзитетот на Југоисточна Европа, на влезот на Старата скопска чаршија, каде што ќе дели информативни материјали за изборно набљудување за предвремените парламентарни избори и ќе разговара со граѓан(к)ите.

Граѓан(к)ите ќе имаат можност да се информираат дека се отворени позиции за краткорочни набљудувачи (за денот на изборите), долгорочни набљудувачи (активни најмалку четири недели пред денот на изборите и најмалку една недела по изборниот ден) и за мобилни мониторинг тимови низ целата земја. На самиот Инфо-штанд заинтересираните кандидат(к)и ќе може да пополнат апликација за изборен набљудувач/ка на ЦИВИЛ, или да се информираат како да аплицираат по електронски пат.

Проектот „Набљудуваме!“ е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.