ЦИВИЛ денеска во битолско и прилепско

ЦИВИЛ – Центар за слобода, продолжува со караванот НАПРЕД! Тимот на ЦИВИЛ денеска е во Прилеп, Кривогаштани, Могила и Битола.

Еден од мобилните тимови за мониторинг и поддршка на ЦИВИЛ ќе биде на градскиот плоштад во Прилеп, од 11,00 до 13,00 часот, каде што ќе ги информираат прилепчани за активностите во рамките на проектот „Напред!“ и за можноста да аплицираат за набљудувачи. На настанот ќе се делат информативни и едукативни материјали, ќе се разговара со кандидатите за изборни набљудувачи од овој град и ќе се информираат сите заинтересирани за активностите на ЦИВИЛ.

Штип, 26 февруари 2016

                                  Штип, 26 февруари 2016

Во периодот од 14,00 до 15,00 часот, мобилните тимови на ЦИВИЛ ќе бидат на плоштадите во Кривогаштани и Могила, со истата агенда. Од 15,30 до 17,30 часот, мобилниот тим на ЦИВИЛ ќе биде на плоштадот во Битола.

Тимовите на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање за изјави за медиумите, како и за разговори за размена на информации со претставниците на граѓанското општество и политичките партии кои претходно се информирани и поканети. Исто така, заинтересираните граѓанки и граѓани, ќе имаат можност да учествуваат во фото-петицијата „За слободни избори“.

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ.

Проектот „Напред!“, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци, се финансира со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Како и досега, заедно со граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ придонесува и ќе придонесува за создавање услови за слободни избори.

Учествувајте во нашите активности за јакнење на јавната свест за правата на гласачите!