ЦИВИЛ доделува награди за граѓанските новинари

ЦИВИЛ ќе ги додели првите награди на граѓанските новинари во проектот „Граѓански објектив“, во сабота, 13-ти февруари, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

Пристигнатите материјали за месец јануари, за натпреварот „Биди граѓански новинар”, ги оценуваше комисијата на ЦИВИЛ. Петте најуспешни трудови, во сабота ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема.

Највисоката награда на месечно ниво е ваучер во денарска противвредност од 110 долари.

Кон крајот на минатата година, ЦИВИЛ организираше пет семинари на кои предавачи беа 19 експерти, уметници и фоторепортери со меѓународно реноме, а беа прифатени над 130 апликации за учество од целата земја.

На церемонијата за доделување на наградите се поканети сите учесници на семинарите, како и предавачите. На церемонијата ќе се презентира проектот и трудовите на граѓанските новинари од кои еден дел се анонимни. ЦИВИЛ ги поканува и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, како и претставниците на граѓанското општество и медиумите.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish