ЦИВИЛ ќе ги додели јануарските награди за натпреварот "Биди граѓански новинар"

Заврши рокот за пристигнување на текстовите, фотографиите и видеата за натпреварот „Биди граѓански новинар”, дел од проектот „Граѓански објектив“ што го спроведува ЦИВИЛ –Центар за слобода.

Пристигнатите материјали за месец јануари, ќе ги оценува комисијата на ЦИВИЛ во понеделник, 8-ми февруари. Имињата на победниците ќе бидат објавени во среда, на 10-ти февруари.

Граѓански новинарГи охрабруваме сите граѓани и граѓанки да земат учество во февруарскиот натпреварувачки циклус за најуспешни видео-снимки, фотографии и текстови за сите видови закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, кршење на гласачкото право, злоупотреба на јавните ресурси и на администрацијата.

И следните пет месеци, петте најуспешни трудови секој месец, ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е ваучер во денарска противвредност од 110 долари.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во нашиот проект.

ЦИВИЛ – Центар за слобода Ви се заблагодарува за вашето учество, интерес и посветеност.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email