ЦИВИЛ го осудува масовното кршење на човековите права во Турција

ЦИВИЛ Центар за слобода најостро го осудува масовното кршење на човековите права и слободи, отпуштањата од работа, апсењата и малтретирањето на илјадници професори, судии, државни службеници, војници, новинари и со актуелните затворања на медиуми.

ЦИВИЛ ја изразува својата солидарност со турскиот народ во овие тешки мигови и го осудува нехуманото однесување кон сите неистомисленици со политиките на актуелната власт на Реџеп Таип Ердоган и нехуманиот третман и злоставувањето на уапсените граѓани.

 

Замрзнувањето на сметките на преку 3.000 судии и обвинители, ЦИВИЛ го смета за директен атак врз правосудниот систем, а апсењата и затворањата на десетици медиуми, меѓу нив 46 весници и 10 телевизиски куќи, според ЦИВИЛ се жесток удар врз слободата на говорот, разорување на елементарните демократски начела за објективно и балансирано информирање на јавноста и поткопување на темелите на секое демократско општествено уредување.

ЦИВИЛ ја повикува турската држава да ги почитува основните начела на Универзалната декларација за човекови права и меѓународното право и веднаш да престане со репресалии врз неистомислениците.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian