ЦИВИЛ – Центар за слобода во целост ги поддржува протестите на исклучените корисници од Топлификација, односно фирмата БЕГ - ДООЕЛ. Ги повикуваме сите наши членови и поддржувачи да се приклучат кон утрешниот протест (сабота, 21 март) на плоштадот Пела, со почеток во 12 часот.
Група граѓанки и граѓани се спротивставија на неуставните и незаконски одредби кои фирмата БЕГ ги користи на исклучените да им доставува фактури, да ги тужи и да ги ограбува, како што велат од иницијативата.
Над 16,000 семејства се мета на долгогодишно малтретирање, казнување и противзаконска наплата на долгови кои не ги направиле.