ЦИВИЛ и CRISP против десниот популизам (2)

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како партнерска организација на Crisis Simulation for Peace – CRISP од Германија, заедно со граѓански организации од повеќе европски земји, е дел од проектот „Борба против десничарскиот популизам во Европа“, чија главна тема се изворите, причините, динамиката и ефектите од десничарскиот популизам  во различни региони на Европа. 

Со овој проект се навлегува во подлабоко објаснување на тоа како десно популистичките партии се развиваат, како работат и што е тоа што ги прави успешни. Преку симулациска игра се прави обид за увид во проблематиката на десничарскиот популизам во Европа, со посебен акцент на нивното влијание врз демократската култура, како и можност учесниците аргументирано да се изборат против ваквата појава и да научат кои активности можат да се преземат во борбата на индивидуално и на општествено ниво.

Овој проект е продолжување на активностите од минатата година, кои CRISP ги спроведе заедно со шест партнер–организации, развиени и тестирани преку симулациската игра „Десничарски популизам“.

Првата регионална работилница се одржа во Скопје, од 23 до 28 август 2015, на која учесниците од Германија, Грција, Италија и Македонија имаа можност преку симулациската игра да ги пронајдат сличностите со десно популистичките активности во својата земја.

Во продолжение можете да ги погледнете изјавите на дел од учесниците и дел од атмосферата на работилницата која се одржа во хотелот Старо Водно.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=9KSjwqAyJ5k[/youtube]

Сара Балардини, Италија

„Моето име е Сара Балардини. Јас сум дел од „Центро Суи Цивиле“, италијанска невладина организација. И нашата организација е партнер на овој проект. Во Италија се трудиме да согледаме како граѓанското општество може да се организира да го заштити, подобри и рашири мирот. И секако, дел од тоа е и организирањето против овој растечки десничарски популизам. И во ова ние сакаме да дадеме свој придонес, и затоа сум јас тука овие денови, затоа сме дојдени ние шестмина од Италија. И за нас ова беше многу добра шанса да учествуваме во симулациската игра. Мислиме дека беше многу добро искуство, и многу добра алатка да се подобрат нашите можности и на нашата организација. Исто така, имавме можност да сретнеме луѓе од другите земји во Европа и да ги споделуваме нашите искуства, затоа што навистина можеме да учиме меѓусебно, едни од други. Навистина ја ценам ова можност.

Која улога ја имавте во симулациската игра?

Јас бев претставникот на Европската унија, и всушност, улогата ми беше многу тешка, затоа што не даваше придонес кон решение на подолг рок. Европската унија повеќе беше сконцентрирана на краткорочни решенија поврзани со безбедноста, и јас влијаев врз играта, врз резултатот од играта. Беше многу интересно да се види како Владата, како невладините организации реагираа на моите изјави во играта. Мислам дека беше многу значајно за мене да ја имам оваа улога.

Твоите импресии од играта?

Ова е прв пат да сум тука, и беше многу интересно да се открие Македонија и да се запознаат активистите тука и претставниците на невладините организации. Мислам дека е штета што во Италија не знаеме повеќе за овој регион. И тоа што го знаеме од медиумите е многу малку, па за мене беше многу добра прилика да научам.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=3kQ_7075IKA[/youtube]

Јелена Вујановиќ, Србија/Грција

„Здраво, моето име е Јелена Вујановиќ, доаѓам од Србија, но живеам во Грција, дваесет и пет години. Соработувам со непрофитна и невладина организација од Солун „Соединети општества од Балканот“. Тоа е младинска организација која работи во областа на човековите права, со волонтирање, мобилни проекти за младите. Ние сме партнери во овој проект и ја имавме шансата да учествуваме во првата работилница која ја организираа во Берлин, а сега сме тука во Скопје. Како личност која живее во Грција и е граѓанка на Грција, би сакала да кажам дека оваа тема е многу важна, бидејќи популизмот секој ден добива се поголем замав во Грција. Таму имаме исто така, популизам и од левицата, и земјата се соочува со политичка и економска криза додека политичарите, особено во медиумите, користат популистички начини да манипулираат со граѓаните.
За нас е ова екстремно важно, посебно за младите кои учествуваат во овој вид проекти. Ова беше шанса за нас да научиме како да се бориме со популизмот и да научиме што се случува со другите земји.

Мојата улога во овој проект беше фасилитатор и медиум. Бев репортер и беше многу интересно затоа што се обидов да ги „туркам“ различните групи и беше многу интересно да се види како медиумите можат да влијаат врз динамиката на политиката и динамиката на граѓаните, и како можат да ги сменат стратегиите и политиките. Навистина се надевам дека ќе видам како е во другите земји, некако да ги споредам резултатите и да воспоставиме стратегии и практики за да се бориме со популизмот.

За Скопје би сакала да кажам дека го сакам! Скопје е еден од моите омилени градови, не само во Македонија, туку генерално. Јас не го сакам многу проектот во центарот, таков каков што е, можам да го споредам со порано и не ми се допаѓа. Но, нешто што навистина ми се допаѓа е народот и нивната гостопримство, сите се многу пријателски настроени. Беше одлично да се биде тука и навистина се надевам дека ќе дојдам повторно“.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=DKDC6J6BL2k[/youtube]

Јан Шале, Германија

„Како резиме, јас сум екстремно задоволен со семинарот, затоа што од една страна беше екстремно добро организирано, а од друга страна, беше многу успешно. Затоа што со сите тие луѓе со различни опачини и искуства кои сите ги носат, имаше многу добра основа за заедничко работење. Плус, ние се согласивме дека симулациската игра беше екстремно блиску до реалноста, и дека и навистина би можело да се случи тоа што се случуваше во играта. Затоа, ние можеме да користиме многу искуства што ги добивме во играта и да ги пренесеме во реалноста“.

Која улога ја имаше во симулационата игра?

„Малку е смешно, затоа што ја играв улогата на лидер на десничарската популистичка партија, што е токму спротивно од мојата ситуација во реалниот живот. И всушност, бев прилично успешен во тоа. Почнав со 10% рејтинг и го покачив на 24%, и можев да се претставам себеси како човек кој значи стабилност, единствен кој можеше да се соочи со кризата. И затоа, иако зборувавме претходно за тоа што е десничарскиот популизам и како делува, другите партии и не беа толку подготвени да одговорат на предизвиците на десничарскиот популизам: Така, видовме и колку тешко е да се одговори на тој предизвик.

Твоите импресии за Македонија?

„Имав можност да го викам Скопје два пати само ноќе, но беше шокантно да се види проектот „Македонија 2014“, или како се вика, „Скопје 2014“. Да, тој проект е некако вознемирувачки, да се видат сите тие нови споменици, но тешко е да се опише. Малку чудно, дефинитивно“.