Еден мобилен тим на ЦИВИЛ - Центар за слобода, денеска доцна попладне беше во Велес каде одржа работна средба со мониторинг тимот за велешкиот регион. На средбата се дискутираа извештаите од мониторингот на состојбата со човековите права од аспект на политичката криза и се констатира црна предизборна кампања.
Извештаите кои пристигнуваат во континуитет од Велес говорат за перманентната црна кампања, за заканите, уцените и континуирано кршење на гласачкото право.
Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ во континуитет известуваат за политичките состојби и за влијанието на политичката криза на локално ниво во целата земја.
Средбата во Велес е во рамките на проектот „Моето гласачко право“.