ЦИВИЛ на средба со мониторинг тимот од скопскиот регион

Во просториите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, денес со почеток во 17:00 часот ќе се одржи работна средба со мониторинг тимот за скопскиот регион. Со поддржувачите и членовите на ЦИВИЛ ќе се разговара за актуелната политичка криза, состојбата на гласачкото право, кршењето на човековите права и слободи.

На средбата ќе се дискутира и за следните чекори во процесот на долгорочно набљудување на изборниот процес. Јакнењето на јавната свест, едукацијата и мобилизацијата на граѓан(к)ите за одбрана на гласачкото право ќе бидат дел од дискусијата.

Оваа работна средба е во рамките на проектот „Моето гласачко право“, посветен на јакнење на моќта на граѓн(к)ите во изборните процеси и одбрана на гласачкото право преку преку запознавање на јавноста со состојбата на правата на гласачите.

Мобилните тимови на ЦИВИЛ и новинарската екипа на ЦИВИЛ Медиа секојдневно ги проверуваат информациите и сведоштвата на терен.

Оваа вест е достапна и на: Albanian