ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамки на проектот „Моето гласачко право“ денес ќе одржи средба со мониторинг тимот во Гостивар, на која ќе се разговара за извештаите за кршење на гласачкото право, политичката состојба на локално ниво, можните мерки за надминување на кризата, како и за престојните активности за долгорочно набљудување на изборите.
Со членовите на мониторинг тимот во Гостивар предвидена е едночасовна дискусија со почеток во 16:30 часот во салата за состаноци на Општина Гостивар.
ЦИВИЛ долгорочно ја набљудува политичката состојба и влијанието на политичката криза на локално ниво во целата земја.
Преку своите мониториг тимови, ЦИВИЛ врши едукација, мобилизација и јакнење на јавната свест на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси во Македонија, а преку набљудување на состојбата на локално ниво и собирање на информации од граѓанките и граѓаните се детектираат злоуптребите на гласачкото право и човековите права и слободи.