ЦИВИЛ на средба со мониторинг тимот во Струмица

ЦИВИЛ- Центар за слобода, вчера беше во посета на Струмица каде одржа работна средба на мониторинг тимот на ЦИВИЛ во рамки на проектот „Моето гласачко право“, на која се дискутираа извештаите од мониторингот во струмичкиот регион.

На средбата со активистите и поддржувачите на ЦИВИЛ се разговараше за досегашната соработка, но и за претстојните задачи до изборите.

strumica (11)Со членовите на мониторинг тимот во Струмица се разви едно ипол часовна дискусија за случаите на прекршување на човековите права со посебен акцент на изборното право. Како специфична средина, општина во која локалната власт ја има опозицијата, Струмица е мошне интересна во поглед на односот меѓу централната и локалната власт во атмосфера на крајната антагонизираност на партиите на власт и во опозиција.

ЦИВИЛ - Центар за слобода засилено и долгорочно го набљудува предизборниот период и е во фаза на подготовка на мониторинг-тимови низ целата земја за престојните предвремени избори.

Оваа вест е достапна и на: English