ЦИВИЛ одржа Средба со граѓанките и граѓаните за #СлободниИзбори во Охрид на 30 јануари 2016 година. Во текот на еднодневната посета на Охрид, претставниците на ЦИВИЛ се сретнаа со високи претставници на локалната власт, политичките партии, медиумите и граѓаните.
Сите локални и регионални медиуми со седиште во Охрид професионално одговорија на поканата на ЦИВИЛ и известуваа за настанот.
Регионалната ТВМ од Охрид, покрај прилогот, го покани и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во централниот ТВ дневник на оваа телевизија и објави извештај на веб-страницата.
Линкови до оригиналните содржини:
ТВ Дневник на ТВМ
Извештај на веб-страницата на ТВМ