ЦИВИЛ ќе награди уште петмина граѓански новинари

ЦИВИЛ - Центар за слобода, на 15 ти јули (петок), со почеток од 11 часот, во хотелот „Сити Парк“ во Скопје, ќе додели нови пет награди на граѓански новинари, во рамки на јунскиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“ што е дел од проектот  „Граѓански објектив“.

На настанот ќе се прикажат видео и фото материјалите кои пристигнаа на адресата на ЦИВИЛ во текот на јуни, кои сведочат за злоупотреби, притисоци врз малцинските групи во земјата, за ефектот од политиката на актуелната власт и за „црната кампања“ со која таа се служи за политички цели.

ЦИВИЛ веќе шест месеци ги наградува трудовите на граѓанските новинари, кои придонесуваат за подобрување на медиумскиот простор во Македонија.

Сите истражувачки стории, видео-прилози и фотографии на граѓанските новинарки и новинари, кои се објавени на нашата веб- страница се реалноста со која ќе треба да се соочи агресивната пропаганда на владејачкиот режим.

Проектот Граѓански објектив е поддржан од  National Endowment for Democracy

Оваа вест е достапна и на: Albanian