ЦИВИЛ оди „Напред!“ и во скопската Стара Чаршија

Претставувајќи го проектот „Напред!“ низ општина Чаир, ЦИВИЛ-Центар за слобода  денес на платото пред Универзитетот на ЈИЕ и по улиците на скопската Стара Чаршија,  им ги презентираше на граѓанките и граѓаните, сите потребни информации за проектот и за условите за конкурирање на заинтересираните.

Во едночасовна посета на чаршијата, беа поделени околу 200 триплети на македонски и албански јазик, со едукативни и информативни материјали. Претставниците на ЦИВИЛ беа на располагање да ги слушнат ставовите и информациите од граѓан(к)ите за изборни нерегуларности и за кршење на гласачките права. И покрај лошите временски услови, заинтересирани граѓаните застануваа и бараа повеќе информации поврзани со проектот.

Стара Чаршија, 24 март 2016

Стара Чаршија, 24 март 2016

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот Напред! се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish