Овој викенд, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи два семинара за слободни избори во Штип (сабота, 10 октомври) и Гевгелија (недела, 11 октомври). Во текот на викендот, тимот на ЦИВИЛ ќе одржи и неколку состаноци со постојните набљудувачки тимови, како и со претставници на локалните медиуми.
ЦИВИЛ на својата турнеја низ Република Македонија ги повикува граѓанките и граѓаните да станат граѓански набљудувачи. За потребите и начините за набљудување на изборниот процес на долгорочни основи.
Семинарот во Штип ќе се одржи во хотел Оаза, а во Гевгелија во хотел Нар. ЦИВИЛ ги поканува локалните медиуми на средба во 10:30 часот, додека семинарите започнуваат во 11 часот.
Предност за учество на овие семинари имаат членови и поддржувачи на ЦИВИЛ, како и оние што ги предлага соодветниот регионален координатор во наведените градови.
Учесниците на семинарите ќе се запознаат со различни аспекти на нашата работа поврзана со изборите, гласачкото право и човековите права и слободи воопшто. Овие семинари се дел од напорите на ЦИВИЛ за градење на широка мрежа за поддршка на процесите кои треба да водат кон слободни избори.
По секој одржан семинар, учесниците се добредојдени да поставуваат прашања и да побараат дополнителни насоки и обука на индивидуално ниво. Мобилниот тим на ЦИВИЛ ќе биде постојано на располагање да дојде во местото на живеење на учесниците или тие ќе можат во секое време да го посетат седиштето на ЦИВИЛ.
Семинарите се еднодневни и опфаќаат теоретски и емпириски аспекти на изборните процеси, изборни системи и системски недостатоци, политичка кампања и улогата на медиумите, мониторинг, известување и едукација за изборните процеси, гласачкото право и човековите права и слободи воопшто , како и практични насоки за мониторинг на изборните процеси. Од одржаните семинари до сега, се извлече заклучок дека голем дел од учесниците се активни граѓан(к)и кои поседуваат барем основни познавања на изборниот процес, но и на политичкиот процес во целина. Се наметна потреба и од креирање кратка сесија на која се разменуваат информации и ставови за политичките преговори меѓу партиите за надминување на политичката криза.
Од учесниците на семинарот се очекува да останат активни и редовно да доставуваат информации за состојбите на теренот, да бидат едукатори и да ги распространуваат информациите и знаењата во своите средини.
ЦИВИЛ ќе формира и Регионални работни групи за слободни избори на кои ќе покани претставници на политичките партии, општините, граѓанските организации, медиумите, локалните институции, бизнис заедницата, лидерите во заедниците и други заинтересирани граѓанки и граѓани.
Слободни избори за слободни граѓан(к)и е проект кој ќе придонесе во процесот на подготовка на слободни избори во Република Македонија, со поддршка од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Овој проект ја претставува потребата на граѓан(к)ите да се создадат услови за спроведување на избори во демократска атмосфера со почитување на човековите права и слободи, пред сè, со почитување на слободната волја на гласачите.
Проектот воведува уникатни приоди и методологии кои ќе обезбедат информации и знаења врз основа на долгорочен мониторинг на човековите права и политичката ситуација во изборен контекст и воопшто. Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правото на глас, јакнење на јавната свест за изборните нерегуларности, како и препораки за воспоставување