ЦИВИЛ повикува на воздржување од насилство

ЦИВИЛ – Центар за слобода категорично бара ослободување на приведените лица за време на синоќешните протести против аболицијата на високите функционери осомничени за криминал и изборна кражба која ја прогласи Претседателот Ѓорге Иванов.

Ги повикуваме  припадниците на МВР, особено на специјалните сили, да делуваат само во рамките на законот, да избегнуваат примена на сила, како на вчерашните настани, и да им овозможат на набљудувачите од граѓанскиот сектор и на претставниците на медиумите непречено да ја работат нивната работа.

sliki4 - CopyСиноќешните протести кои завршија со насилство и апсење, се резултат на погрешните политики на владејачката коалиција во континуитет.

ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува сите учесници на протестите против одлуките кои го оневозможуваат повторното воведување на правната држава во Македонија, да го изразуваат своето незадоволство, но да се воздржат од насилство, да избегнуваат директни судири со контра-демонстрантите и со припадниците на безбедносните сили и да не предизвикуваат непотребни штети во Скопје.

Предизвикан од информациите кои постојано ги добива од терен, ЦИВИЛ – Центар за слобода и вчера изрази крајна загриженост за можноста од насилство меѓу граѓаните, и денес го го повторува повикот за почитување на законите, смиреност, разум и достоинствено однесување.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish