ЦИВИЛ – Центар за слобода, продолжува со теренската мобилизација на набљудувачи за престојните избори. Во втора фаза од проектот „Напред!“, проектните активности веќе се реализираа во општините Свети Николе, Чашка, Лозово, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Ранковце.
Во текот на утрешниот ден (петок) мобилните тимови на ЦИВИЛ ќе посетат осум општини, во кои, во директна комуникација со граѓанките и граѓаните, ќе ги информира за можностите да аплицираат за изборни набљудувачи.
Првиот тим ќе ги посети општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Жителите од овој регион ќе ги добијат потребните информации за проектните услови, различните позиции за набљудување и тековните активности на ЦИВИЛ.
Активностите за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес, второт тим на ЦИВИЛ ќе ги претстави пред жителите на општините Македонски Брод, Долнени, Крушево, Демир Хисар и Новаци.
Граѓан(к)ите кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, треба да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на е-адресата [email protected], до 31 март 2016-та година.
Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Оваа вест е достапна и на: English