ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи прес-конференција во врска со најновите наоди од изборниот мониторинг од почетокот на изборната кампања во хотел Сити Парк (кај општина Центар), в понеделник, 28 ноември, со почеток во 10:30 часот.
На прес конференцијата ќе се упатат неколку барања до политичките партии, институциите и јавноста, засновани на сознанијата од теренот. Претставниците на ЦИВИЛ ќе презентираат и оценки кои се однесуваат на работата на медиумите во предизборниот период, а ќе се презентираат и видео спотовите од онлајн кампањата #СлободниИзбори која започна минатата недела.
Прес конференцијата е отворена и за претставници на странските мисии, националните организации на граѓанското општество и заинтересираните граѓанки и граѓани.